Велики вторник – Литургија на претходноосветени Дарови

На 11.04.2023 година, во Светиот и велик Вторник од Страсната седмица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветените Дарови, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.