На 08.10.2023 година, Осумнаесеттата Недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот на свети Димитриј во Кавадарци. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Тетовско -гостиварски г. Јосиф, во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, како и бројно свештенство на Македонската православна црква. На овој ден се одбележаа две години од преосветувањето на овој храм. На Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, согласно Одлуката на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА, го одликуваше досегашниот протоереј Воислав Ѓеорѓиев со право на носење на граден крст. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.








