Свети архиѓакон и првомаченик Стефан

На 09.01.2024 година, кога Црквата го слави светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот на свети вмч. Димитриј во Крива Паланка. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.