На 24.02.2024 година, на празникот на Свети Георгиј Кратовски, во храмот на свети Георгиј Кратовски во Кратово се богослужеше Света Златоустова Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Високопреосвештениот Митрополит Доростолски г. Јаков од Бугарската Православна Црква, во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот г. Јосиф и Преосвештениот Епископ Велички г. Никола.
Пред почетокот на Литургијата, Митрополитот Доростолски г. Јаков му подари на Митрополитот г. Григориј дел од моштите на свети Георгиј Кратовски, кои ќе бидат изложени во храмот на свети Георгиј Кратовски за поклонение на верниот народ.
Верниот народ на литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата, на градскиот плоштад во Кратово беше осветен славскиот колач.













