Во петокот од третата седмица од Великиот Пост (5 април 2024 г.), во храмот на свети Мина во Куманово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветените дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.





