Велика среда – Литургија на претходноосветени дарови

На Велика среда во Страдалната седмица од Великиот Пост (1 мај 2024 г. по Хр.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.