Велики вторник– Литургија на претходноосветени дарови

На Велики вторник во Страдалната седмица од Великиот Пост (30 април 2024 г. по Хр.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.