Отсекување на главата на св. Јован Крстител

На 11.09.2025 година, кога Црквата си спомнува за отсекувањето на чесната главата на светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Литургија во храмот на Свети Јован Крстител во Кратово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.