На 08.01.2026 година, кога Црквата го слави Соборот на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Литургија во храмот на свети великомаченик Димитриј во Крива Паланка. На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.



