Во средата од третата седмица од Великиот Пост, 30 март 2016 г., во храмот на свети Јован во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

