Духовден (втор ден)

На 20.06.2016 година, во понеделникот на Светиот Дух, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Света Троица во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.