На 3.06.2017 година, кога Црквата го прославува споменот на светиот цар Константин и царицата Елена, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Свети Димитриј во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

