Православна духовност од протопрезвитер Михаил Кардамакис нуди систематизиран преглед на основните теми на духовното искуство на Црквата и ги осветлува клучните димензии на православниот духовен живот. Овој методски пристап ја прави книгата корисна, како за студентите по теологија и свештениците, така и за секој христијанин.
Протопрезвитер Михаил С. Кардамакис (1932–2008) студирал теологија на Универзитетот во Атина, а постдипломски студии завршил во Грац, Австрија. Докторирал теологија на Богословскиот факултет при Универзитетот „Аристотел“ во Солун. Целиот свој живот го посветил на организирањето и унапредувањето на црковното образование во Грција. Како духовник служел на Крит, во Грац, Катерини, Ламија и Атина. Тој спаѓа меѓу најзначајните современи православни теолози и е познат како теолог на подвигот, слободата и убавината. Неговото книжевно творештво опфаќа дваесетина книги.

362 стр., цена: 400 мкд | опции за нарачка→
Содржина
Воведно поглавје
- Православната духовност
- Православната духовност и современиот човек
- Православието и светот
Прв дел: Од благодатта до слободата
Прво поглавје: Тајната на личниот Бог
- Троичната основа на битието
- Заедница на личности
- Заедница на љубовта
- Благодатта и слободата
- Воплотувањето и духовноста
- Благодатта на крштението
Второ поглавје: Доаѓањето на Утешителот
- Воплотувањето и Педесетница
- Светиот дух и спасението
- Духот и духовноста
- Повикување на Светиот Дух
- Тајната Миропомазание
- Достоинството на човекот
Трето поглавје: „Украс на светот”
- Икономијата на Црквата
- Црквата и духовноста
- Литургиски живот
- Служење на Евхаристијата
- Служби и празници
- Присуство на иконата
Втор дел: Од слободата до благодатта
Прво поглавје: Борба и подвиг
- Православен подвиг
- Подвигот и покајанието
- Сведоштво на монаштвото
Второ поглавје: Препреки и искушенија
- Трагичност на духовноста
- Гревот и страстите
- Непријателот ѓавол
Трето поглавје: Теорија и пракса
- Обединување на теоријата и праксата
- Добродетелите и духовноста
- „Почетокот” и „крајот” на добродетелите
Четврто поглавје: Восходење кон Бога и обожението
- Лествица на дарови
- Молитвата и духовноста
- Кон совршенството на есхатонот


