,

Верата на нашите татковци

Автор на книгата Верата на нашите татковци е долгогодишниот професор и прв ректор на Македонската православна богословија Борис Бошкоски, познат богослов и педагог. Тој успеал преку светите ликови на Божјите угодници, како и животот, учењето и чудата на Господа Исуса Христа, во одбрани четива од Стариот и Новиот завет, да ги изложи најважните вистини на нашата вера.
Секое од овие четива претставува завршена целина и дава посебна порака, но сите заедно претставуваат вистинско вероучение за Бога и за должностите на христијаните. Живите свети примери ќе разбудуваат кај читателот желба за лично верско-морално усовршување. Во целата книга провејува вистински православно-родољубив дух. Книгата е плод на долгогодишна работа. Таа не е само прераскажување на библиски текстови, туку носи белег на нешто што е длабоко доживеано и дадено во нова светлина.

238 стр. цена: 300 мкд | опции за нарачка→