Првенството на Константинопол

Првенството на Константинопол. Факти против митовите. 189 стр. Цена: 250 мкд.

Книгата е посветена на проблемот на современите меѓуцрковни односи, на политиката на Константинополската патријаршија која претендира на посебен статус меѓу помесните православни цркви. Преку историско-канонска анализа се демонстрира неоснованоста на претензиите од Фанар на особени права на „лидер на светското Православие“, нивната противречност со духот и буквата на каноните, а и со црковното устројство што потекнува од Господ Исус Христос и апостолите. 

Содржина:

Автор: 

Павел Владимирович Кузенков (роден во 1969 г.) e специјалист во областа на црковната историја, на историјата на Византија и Русија, на историската хронологија. Дипломирал на Московскиот државен технички универзитет Н.Е. Бауман (1992 г.) и на Историско-филолошкиот факултет на Рускиот православен институт Св. Јован Богослов (1999 г.). Кандидат на историски науки (аналогно на научната титула магистер). Носител е на Макариевска награда. Предавал на Московскиот државен универзитет М.В. Ломоносов, на Московската духовна академија, на Сретенската духовна академија, на Православниот хуманитарен универзитет Свети Тихон, на Школата за општоцрковни постдипломски и докторски студии Св. рамноапостолни Кирил и Методиј.