На 06.01.2024 година, во митрополитскиот соборен храм на Св. Никола во Куманово, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Велико повечерие, а потоа ги благослови бадниковите гранчиња „како символ на дрвото од Крстот, на животот и на воскресението, во спомен на Раѓањето на Господ Исус Христос.“



