На 14.02.2016 година, во Триесет и седмата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за светиот маченик Трифун, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Троица во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

