Деветта недела по Педесетница

На 9 август 2020 година, кога Црквата го празнува споменот на св. Климент Охридски, св. Седмочисленици и св. вмч. Пантелејмон, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, во презвитерски чин го ракоположи протоѓаконот Вичко Гочевски, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.