Света маченичка Параскева Римјанка

На 08.08.2020 година, на празникот на св. мч-чка Параскева Римјанка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Петка во Бедиње – Куманово.

На Светата Литургија, во презвитерски чин го ракоположи ѓаконот Никола Николовски, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.