До Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски
Почитуван г. Сотировски,
Ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на чесното свештенство, преподобното монаштво и верниот народ од свештената Кумановско-осоговска епархија, но и во мое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како и да Ви посакам успех во извршувањето на оваа одговорна функција.
Нека Бог ја благослови Вашата работа за доброто на сите граѓани на нашата држава, и нека го просветли Вашиот ум за храбро да ги сведочите високите евангелски идеали.
Вам и на Вашите соработници Ви посакувам добро здравје и Божја помош во работните потфати што Ви претстојат.
Со почит,
Митрополит кумановско-осоговски
г. д-р Јосиф

