На 15 февруари 2018 година, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Света Троица во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

