На 07.03.2021 год., во манастирот на Св. Јоаким Осоговски, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во Неделата на Страшниот суд (Месопусна недела) и во спомен на св. маченик Маврикиј и седумдесетмина војници, многубројните маченици во Евгенија близу Цариград, преподобните Таласиј и Лимниј, свети Папиј Ераполски. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.









