Манастирската црква соодветно на времето кога била градена, била ѕидана со плитки темели.
Со тек на времето настанале дополнителни свлечувања на тлото, како и сеизмички активности во изминатиот период, појавени се повеќе вертикални пукнатини во носивите ѕидови од полна тула, при што нарушена е стабилноста на градбата. Во моментот се изведуваат дополнителни армирано бетонски темелни греди покрај објектот за порамномерна распределба на товарните и зајакнување на ѕидовите со армирано бетонски платна и столбови.













