Нов служител на нивата Господова

На 01.02.2026 година, во Неделата на митарот и фарисејот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, во сослужение на протојереј-ставрофор Блаже Цековски, протојереј-ставрофор Драган Алексовски, протојереј-ставрофор Антониј Петрушевски, протојереј Јовица Ристовски, јереј Никола Николовски, ѓакон Христијан Мишевски и ѓакон Златко Андонов, служеше Света Литургија во храмот на света Петка во нас. Бедиње во Куманово. На Светата Литургија ѓаконот Златко Андонов беше ракоположен во свештенички чин. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.