Недела на свети Григориј Палама

На 15.03.2020 година, во втората недела од Великиот пост, кога Црквата го прославува споменот на свети Григориј Палама, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Света Василиева Литургија.

На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.