На 24.05.2026 година, на денот во кој ги чествуваме сесловенските и македонски просветители, рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, во храмот посветен на овие наши духовни горостаси во Велес, се отслужи Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и бројно свештенство на Повардарската епархија.На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови тајни.По завршувањето на Божествената Литургија Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј го благослови кумскиот колач.









