На 31.05.2025 година, кога Црквата го прославува споменот на светиот маченик Теодор Анкирски, во Археолошкиот локалитет „Стоби“ се отслужи Света Божествена Литургија, по повод 1700-годишнината од одржувањето на Првиот вселенски собор. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј.
Значајно е да се истакне дека на Првиот вселенски собор одржан во Никеја во 325 година, присуствувале и тројца македонски епископи: Александар Епископ на Солун, Будиј Епископ на Стоби и Дакиј Епископ на Скупи. Присуството на македонските епископи на овој Вселенски собор е историски показател за длабоките корени на христијанството во Македонија, и добро организираниот христијански живот во тоа време.












