Вознесение Христово

На 29.05.2025 година, кога Црквата го слави Вознесението Христово, во храмот на Вознесението Христово во с.Романовце – Куманово, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на Литургијата беше извршен мал Водосвет и беше прекршен славскиот колач.