Акатист на Пресвета Богородица во петок од четвртата седмица на Великиот пост

На 09.04.2021 год., петок од четвртата седмица на Великиот пост, во митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица.