На 09.04.2021 год., петок од четвртата седмица на Великиот Пост, (св. маченичка Матрона; преп. Јован Проѕорлив; преп. Пафнутиј; св. Лидија Македонска), во храмот на Свети великомаченик Димитриј, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.







