Литургија на претходноосветени дарови во петок од шестата седмица на Великиот Пост во манастирот на Св. Јоаким Осоговски

На 23.04.2021 год., петок од шестата седмица на Великиот Пост, (Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив; Свети шест илјади маченици во Грузија), во манастирот на Св. Јоаким Осоговски, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.