Во средата од четвртата седмица од Великиот Пост, 25 март 2020 г., во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

