Литургија на претходноосветени дарови во Крива Паланка

Во петокот од четвртата седмица од Великиот Пост, 27 март 2020 г., во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.

На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.