На 12.02.2026 година, на празникот на Светите вселенски учители и светители Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.








