На 4 март 2017 година (првата сабота од Великиот пост), кога Црквата го прославува споменот со чудото на свети Теодор Тирон, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во храмот на свети Теодор Тирон во с.Конопница – Крива Паланка служеше Света Златоустова Литургија.
На Светата Литургија ѓаконот Блаже Цековски беше ракоположен во свештенички чин. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

