Рождество Христово – Божик

На 07.01.2024 година, кога го прославуваме Рождеството по плот на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм на Св. Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Со Премудрата Промисла на Бог Седржителот, а на Предлог на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, арх. бр. 355/23 од 14.12.2023 год., со Одлука на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, САС бр. 240 од 27.12.2023 год., протојерејот Антониј Петрушевски, беше издигнат на највисокиот свештенички степен на служба во Црквата, во чинот протојереj-ставрофор.