Прославен споменот на преподобниот Јоаким КрчовскиСо вознесенска радост, Манастирот Свети Јоаким Осоговски и оваа година го прослави споменот на пофалбата на монасите и украсот на свештениците, преподобниот Јоаким Крчовски.Во навечерението на неговиот спомен, 22.05.2026 година, со Празничната вечерна богослужба чиноначалствуаше Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј. Молитвено присутни на вечерната беа и: Високопреосвештените Митрополити г. Петар и г. Јосиф, како и Преосвештениот Епископ Велбуждски г.Исак.Утредента, 23.05.2026 година, реки од вернен народ се сливаа во Осоговскиот Манастир. Божествената Литургија ја возглави Високопреосвештениот Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Високопреосвештените Митрополити Кумановско-осоговски г. Григориј, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Австралиско-новозеландски г. Никола, Вомировениот Кумановско-осоговски г. Јосиф и Преосвештениот Епископ Браницки г. Јован (Прв викар на Бугарскиот Патријарх).На Божествената Литургија верниот народ се причести со светите Христови тајни.По завршувањето на Божествената Литургија, Високопреосвештениот Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на своите собраќа архијереји, изврши Мал водосвет, ги благослови кумските колачи и го благослови куполниот крст, кој ќе стои на храмот во конакот што се гради во чест и спомен на Преподобниот Јоаким Крчовски.






























