Оваа едукативна веб-презентација е изработена со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф.
Последните денови од Христовиот живот на земјата Црквата ги нарекла Страсна седмица (со значење Страдална седмица). Секој ден во оваа Велика седмица во богослужбените книги е наречен „велик и свет“, и секој еден од нив е одбележан од посебни и карактеристични богослужби кои се разликуваат од богослужбите во останатите денови од годината. Во овие денови животот на верните христијани како да престанува, и тие се „искачуваат со Господа во Ерусалим“ (од Утрената на Велики понеделник).
Секој ден од Страсната седмица е посветен на определена тема, односно парабола. Во првите три дена, на Часовите, како и на Литургијата на претходноосветени дарови се чита Евангелието. Eвангелието се чита и на Утрените богослужби, наречени „Служби на Женихот“, во кои централна тема е второто Христово доаѓање и Судот, а кои вообичаено се служат навечер. Старозаветните паримии се читаат од Втората книга Мојсеева, Книгата Јов и пророците.
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: 'Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нè' (Тропар во првите три дена од Страсната седмица).
Живот си, Христе, а во гроб се положи и ангелските воинства се исплашија, славејќи го Твоето снисходење.
Црквата си спомнува за Јосифа Прекрасниот и за проколнувањето на бесплодната смоква, а се сеќава и на растерувањето на трговците од Храмот и за параболата за злобните лозари...
Повеќе за Велики понеделникТвојата свадбена одаја ја гледам украсена, Спасителе мој, и немам облека да влезам во неа...
Се потсетуваме на параболите изречени во Храмот, особено за онаа за мудрите девојки, за изобличувањето на книжниците и фарисеите, за големата жртва на сиромашната вдовица и за најголемата заповед од Законот.
Повеќе за Велики вторникОткако ќе помислиш на смртниот час, бедна душо, и од пресечената смоковница ќе се исплашиш, дадениот талант трудољубиво умножи го...
Во највеликата среда таговно се сеќаваме на настаните околу предавството Христово и помазувањето од страна на жената - блудница.
Повеќе за Велика средаЖената која порано беше блудница, одненадеж се покажа целомудрена, откако ги замрази делата на срамниот грев...
Си спомнуваме за миењето на нозе на апостолите, за Тајната вечера, Првосвештеничката молитва Христова, но и за самото предавање на Синот човечки од Неговиот ученик.
Повеќе за Велики четвртокОној што небото со облаци го покрива, со крпа се препашува и колената ги преклонува, на слугите да им ги измие нозете...
Ги славиме светите и страшни и спасителни страданија Христови: судот, биењето, шлаканиците, навредувањето, копјето, клинците, и по сето тоа - Крстот и смртта.
Повеќе за Велики петокДенес виси на дрво Оној кој земјата ја обеси на водите, со венец од трња е крунисан Царот на ангелите...
Оваа сабота во свештен трепет си спомнуваме за пребивањето на Господ Исус Христос во животворниот гроб, и Неговото слегување во адот.
Повеќе за Велика саботаВоскресни Боже, суди ѝ на земјата, зашто Ти владееш над сите народи!