Превод на третата епизода од ТВ серијалот „Човекот пред Бога“: Крштение

"Превод на третата епизода од ТВ серијалот „Човекот пред Бога“: Крштение"

На YouTube каналот на Кумановско-осоговската епархија е поставен видео записот со превод од третата епизода од документарниот циклус „Човекот пред Бога“ на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Волоколамски г. Иларион Алфеев, насловена: „Крштение“. Третиот дел од серијалот го разгледува првото Таинство, кое му ги отвора дверите на верникот кон Црквата. Со него е поврзано и најкраткото Таинство – Миропомазанието.

Преводот е достапен со клик на копчето CC.

Напомена: Авторските права на видео и аудио материјалите им припаѓаат на авторите и реализаторите на ТВ серијалот, и Кумановско-осоговската епархија не полага никакво право врз нив.