На 29.08.2025 година, кога Православната Црква го празнува споменот на Свети Јоаким Осоговски, во неговиот манастир во Крива Паланка, беше отслужена Света архијерејска литургија.
Литургијата беше возглавена од Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение со
Митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј,
Митрополитот Видински г.Пахомиј, од Бугарската Православна Црква,
Митрополитот Дебарско-кичевски г.Георгиј,
Митрополитот г.Јосиф,
Епископот Велбуждски г.Исак, Викарен епископ на Патријархот на Бугарската Православна Црква,
Епископот Хвостански г.Алексеј, Викарен епископ на Патријархот на Српската Православна Црква.
По Литургијата, Митрополитот Григориј, за молитвено сеќавање на денешниот празник, на браќата архијереи им подари архијерејска панагија.