Литургија на претходноосветени дарови во Крива Паланка

"Литургија на претходноосветени дарови во Крива Паланка"

Во петокот од четвртата седмица од Великиот Пост, 12 април 2024 година, во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.