СООПШТЕНИЕ од Кумановско-осоговската епархија (КОЕ) за привремена поделба и менување на границите на КОЕ

"СООПШТЕНИЕ од Кумановско-осоговската епархија (КОЕ) за привремена поделба и менување на границите на КОЕ"

со Одлука на Епархиското собрание на КОЕ, арх. бр. 122/23 од 21.4.2023 год., КОЕ се поделува, при што таа отстапува дел од своето канонско подрачје (јурисдикција), а со цел да се основа ново канонско подрачје (јурисдикција) ‒ епархија, Дељадровско-илинденска, на две парохии со населените места што ги опфаќаат двете парохии: Дељадровска и дел од Пчињска, вклучувајќи го и манастирот Свети вмч. Георгиј во село Дељадровци. Ново-основаната епархија има правно својство од привремен карактер (status quo ante); новата епархија ќе има функција до престанување на функцијата на епископот за којшто ќе се основаат (упразнување на епархијата од функцијата епископ, по кој било основ), а потоа границата на КОЕ, којашто привремено отстапува своја територија (парохии), се враќа во претходна состојба, со границите како пред основањето на новата епархија – Дељадровско-илинденска. Ново‒основаната епархија продолжува со работа до денот на упразнување на епархијата од функцијата епископ (преместување или удовување, или по којбило друг основ), a потоа да се врати во поранешна состојба.